| ДЕДО МИ |
|
ДЕДБеше
паднал снег. Направив грутка (веројатно во дворот) и отидов дома (веројатно
трчајќи по скалите) оти ми текна. Ми текна да втрчам во собата на дедо
ми. Тој седеше на креветот десно и читаше весник, веројатно вчерашна "Политика"
која ја земаше од тетин ми долу. Се беше свиткал како ѓеврек над весникот.
Јас втрчав и ја фрлив грутката на него. Полн погодок. Кога си играв со
децата, голема работа беше да погодиш некого, а полн погодок беше да удриш
некого в глава (како што многу години подоцна, играјќи си на улица како
веќе возрасен, ја бев погодил девојката што тогаш беше вљубена во Куба,
а после некоја година му роди дете на еден Штипјанец). Полниот погодок
на дедо ми беше ептен полн - топката го удри в глава. Поточно, в чело,
му влезе меѓу очилата и очите и таму се наби. Очилата беа стари, дебели,
пластични и лепени со селотејп. Просторот меѓу очите и очилата на дедо
ми се исполни со снег. |
| Back |
| 1 |