ЛЕТ
Back

.....Во оној миг кога двојно лебди: меѓу сонот и јавето, и меѓу небото и земјата, го фаќа страв.
.....Заспива, во авион.
.....Рационалната верба исчезнува, отпрвин проѕирна, потем уште повеќе, а ја заменува едноставна, здрава и погрешна проценка: јас сум на 10.000 метри над тврдата земја во железен контејнер, и тој има почеток и крај.
.....Стравот е ем едноставен, ем јасен.
.....И тука, во кожните седишта на прва класа, полузаспан (ова "полу" е многу важно) се соочува многу опипливо со својот страв.
.....Од смрт, не од летање. Од ништотија, од небиднина.
.....И лавината е толку проста, што го чуди како успева да ја запре на јаве: среќен не е, насмеан уште помалку, а му останува само полошата половина од животот, која ќе ја круниса во помочани гаќи, зацрвенети очи, влакнести уши, беспомошност (очајна беспомошност, оти нема утре), луѓе кои бегаат од него, неговиот мирис и од стопанката што ја носи на рамењата, оти не сакаат да гледаат како мафта јавната врз него.
Во лавината му текнува и дека нема ни живци, ни време за деца. И во тоа има некоја нејасна тага.
.....Нејасна, оти никогаш не ни сакал да има деца.
.....Па му текнува на постариот колега со ќелава глава. Стојат на паркингот пред хотелот, 3-4 сабајле, и он се чувствува доволно слободен или близок да праша за деца. (Чудно, стално прашува постари колеги дали треба да се има деца. И кога.) Или, можеби подгрбавениот колега сам понуди, сам си кажа. Рече дека му е жал што на жена си не и го приредил тоа задоволство. А сега веќе сака да се однесува као старец, оди како старец, збори како старец, сака да биде старец, што рече еден заеднички соработник.
.....Утредента е буден и на земја. Поради џет-лег има малку сон во јавето, ама убаво, како облак во окото.
И му текнува како ќе се ебе со преубави жени, како нежно ќе им го допира лицето со врвовите од прстите и со усните, како од срце ќе им каже дека се убави, како нема да си верува на среќата дека е со толку преубави, тенки, калеши убавици со срни во одот, како додека ги осеќа нивните долги, бескрајни нозе на ребрата, слабините, листовите и рамењата, како додека се врти да види дали ги испружиле или ги држат под прав агол стопалата, како додека им ја трие снагата со својата и им остава по седум виткани мали црни влакна на белите цицки, како додека се смеат со мерак и додека им ја осеќа утробата на врвот од курот - го допира небото.

Back
1