|
.....Значи,
движењето на уметноста како процес на промена на односот на креативноста
кон стварноста (објективното).
.....Го
земам објективното (стварноста) како еден од најосновните елементи во
креативниот - уметнички - процес поради директната поврзаност на уметноста
со објективното.
.....Како
втор основен елемент во анализата ја земам креацијата, а истата ја сметам
за дело на идејата и на презентацијата.
.....А
сите четири (идеја, креација, презентација и објективно) како атомизирана
структура на она што се нарекува уметност.
.....И
покрај субјективниот скептицизам кон еволутивните теории, особено кон
оние во уметноста, на мнение сум дека промените во уметноста можат да
се набљудуваат како процес на движење; не а приори како развој виден во
(права, кружна, елиптична или спирална) линија со одреден смер; ами како
движење во координати без димензии.
.....Поради
поедноставување на процесот (а и поради личната пристрасност кон естетиката
на ликовната уметност и на музиката, која произлегува од мојот пуризам),
промените во соодносот на четириве атоми, а со тоа и во уметноста, ќе
ги набљудувам низ промените во ликовните уметности, но со надеж дека истите
опсервации еден ден ќе можат да се екстраполираат на движењето на уметноста
во целост.
1. ОБЈЕКТИВИЗИРАНО ТВОРЕЊЕ
.....Традицијата
на реалистичното сликарство: тенденциите (ако не и достигнувањата) од
преисториско (т.е. пост-синкретичко) до соц-реалистичко и хипер-реалистичко,
Леонардо, Микеланџело, Рембрант итн.
.....За
важна се смета "сличноста" на уметничкото дело со "оригиналот"
и се раѓаат теории за "објективниот одраз" на стварноста, кои,
посериозно анализирани од аспект на естетика се доведуваат себеси до софизам
или до апсурд поради подложност на овие теории на субјективизам (кој е
неспоив со нивниот базичен концепт).
.....Контра-план:
"оригиналот" се негира со самиот творечки чин, а чинот пак од
своја страна и во овој случај и самиот е распнат меѓу ре-креацијата на
објективното и субјективизирањето кое е клучен придвижувач на креацијата.
2. СУБЈЕКТИВИЗИРАНО ТВОРЕЊЕ
.....Импресионистите,
експресионистите, Ел Греко, Модиљани, Ван Гог, и компанија.
.....Објективното
како точка од која уметничкото дело поаѓа (па поминува низ фазата на уметничка
обработка) сeуште е важно, но презентацијата по сличност му отстапува
повеќе место на субјективизираното презентирање. Контра-аргумент: негирана
сличност со почетниот (објективен) објект.
3. СУБЈЕКТИВНО ТВОРЕЊЕ
.....Апстрактно
и нерепрезентативно сликарство, Маљевич, Полок, итн.
.....Објективното
се отфрла како елемент на уметноста. Улогите и можностите на идејата и
на презентацијата се ослободуваат од некои рамки.
.....Контра-адут:
се негира или намалува важноста на објективното како појдовна точка на
уметничкиот чин.
.....Но,
истото - објективното - сe уште е завршен сегмент на процесот: идеја -
креација - презентација. Презентацијата сeуште се манифестира во физички
(објективен) објект. Се може без објективното само на почетокот на уметничкиот
акт.
4. НЕ-СЛИКАЊЕ, ПОСРЕДУВАЊЕ
.....Дадаистите,
Марсел Дишан, етц.
.....Креацијата
е сведена на идеја-презентација. Во преден план на уметничкиот чин не
е креирањето на објект, туку медијацијата на објект, кој на тој начин
(со посредничкиот акт на уметникот) добива уметничко значење (писоар пренесен
во музеј без физички интервенции).
.....Објективното
(објектот) поминува низ чинот: идеја - креација - презентација без класична
(физички материјализирана) креативна интервенција.
.....Контра-адут:
творечкиот процес како процес кој резултира во создавање на физички објект
се отфрла за сметка на идејата (на посредување, во овој случај). Физички
објект сeуште постои, но тој е само посредуван, а не и создаден или алтериран
од уметникот.
5. НЕ-СЛИКАЊЕ, НЕ-ПОСРЕДУВАЊЕ, ХЕПЕНИНГ
.....Алан
Капров ("18 хепенинзи во 6 делови"), Бен Вотје (кој живеел во
излогот на Галерија Еден во Лондон цела недела во 1962), Јозеф Хонис (кој
под наслов "Мистификациски настан" организирал лажен погреб
за себе, ги поканил пријателите, а потем, без тие да знаат - се самоубил,
во 1969), Течинг Хсие (кој претвора голем дел од својот живот во уметничко
дело изведувајќи едноставни, а тешки проекти кои сите трајат по една година),
Џозеф Бојс (со добар дел од своето творештво), и др.
.....Настанот,
значи - презентацијата сама, е уметничкиот чин.
.....Материјална
уметност не останува зад хепенингот.
.....Контра-аргумент:
зад уметничкиот чин не останува ништо, а токму материјалниот остаток е
една од дестинациите на класичната уметност.
6. НЕ-СЛИКАЊЕ, НЕ-ПОСРЕДУВАЊЕ, НЕ-ХЕПЕНИНГ, ЗАМИСЛУВАЊЕ
.....Др.
Чарлс Харпул (кој тврди дека во лимена кутија за филм има филм, меѓутоа
никому не му го покажува, тврдејќи дека е битен актот на замислување на
филмот во кутијата)...
.....Идејата
сама е уметноста, без посредство на (физичка) креација ниту на (временско-просторна)
презентација во класичен смисол.
.....Замислувањето
на уметничкиот чин, или попрецизно -- на уметничкото дело -- е тоа самото.
.....Контра-план:
зад уметноста не постои објективен чин, ами само чин на замислување кој
е длабоко субјективен и -- за прв пат неекстернализиран. Значи, не само
што е избегнато оставањето на материјален остаток, ами избегнат е и објективниот
чин на физичка (временско-просторна) изведба.
7. НЕ-СЛИКАЊЕ, НЕ-ПОСРЕДУВАЊЕ, НЕ-ХЕПЕНИНГ, НЕ-ЗАМИСЛУВАЊЕ, НЕГИРАЊЕ
.....Постигнувањето
на состојба на незамислување на идеја за уметничкото дело е уметничкиот
чин. Значи, состојба во која не само што нема материјален остаток ниту
објективен чин, ами нема ниту замислување на уметноста, состојба во која
нема мисла за уметноста. Оваа состојба на апсолутно намерно немање на
идеја за уметничкото дело, во ситуација кога објективното, физичката креација
и презентацијата се веќе елиминрани - е уметноста сама.
.....Контра-план:
негирањето на идејата значи и свое негирање како идејно битие, што во
крајна инстанца значи и негирање на уметноста.
.....Потенцијален
контра-план на контра-планот: себе-негирањето не мора да значи и негирање
на уметноста. Уметноста не е поистоветување со битието (со неговата привремено-физичка,
временско-просторна или идејна манифестација во уметноста), туку еднаш
креирана, таа може да постои независно од постоењето на битието, што значи
дека негацијата на постоењето на битието може да претставува кулминација
- значи, тотална уметност.
|