|
.....Маца
и беше лута на Нада. Да не ги знаеш, ќе мислиш Нада е некој монструм.
А, она и е само внука на Маца, сестричина.
.....Меѓу
другите гревови, Нада и рекла на Маца дека кога ќе умре ќе и го земе сервисот.
Сервисот беше шарен, за чај, со бело, зелено и златно.
.....Маца
постојано викаше дека треба да се направи како што рекол некој многу паметен
човек, гробиштата на плоштад да се стават, сите да знаат што ги чека.
Маца имаше седумдесет и кусур години.
.....Нада
имаше триесетина. И немаше деца. А, немаше ни Маца.
.....Сервисот
не и го зема. Оти прва умре.
.....Нада
прва умре. На погребот во Свети Николе додека се јадеше после закопот
имаше еден отоман направен како сандак или како мртовец, а на градите
имаше тенџерче со вода. Или со варено жито ли беше. Како раце поклопени
на градите. Мислам дека и Маца беше на закопот. А може и не.
.....Важно
сервисот и остана.
.....Сега
скоро кај мене го земав. Прашлив беше.
.....Не
ја закопаа на плоштад. Ама барем сервисот до крај и остана.
|